четврток, 30 април 2026

Лејкерс не ја искористи и втората „меч топка“ (ВИДЕО)

Екипата на Хјустон Рокитс го направи првиот брејк во серијата со Лос Анџелес Лејкерс и останува во игра да стане прва во историјата која обезбедила пласман во следната фаза од плејофот по негатива од 0-3.

Објавено на

часот

Сподели

Петтопласираниот тим на Западот по основниот дел од сезоната ноќеска славеше на гостувањето кај Лос Анџелес Лејкерс со 99-93 и намали на 2-3 со тоа што шестиот натпревар го игра на домашен терен. Во последните два меча Лејкерс го губат здивот, се повеќе се чувствува неиграњето на Лука Дончиќ, а дури ни враќањето на Остин Ривс не донесе свежина.

Во центарот на вниманието на петтиот натпревар беа прво Фини Смит, а потоа Рид Шепард. Особено се истакна Шепард кој освен тоа што постигна 12 поени, на околу три минути пред крајот, кога Лејкерс се доближија на само еден посед негатива, прво погоди значаен шут, а потоа му украде топка на Леброн Џејмс и поентираше во контранапад за +7 со што стави точка на сите надежи на домашниот тим.

Во победничката екипа цела стартна петорка беше двоцифрена, Џабари Смит постигна 22 поена, Исон 18, а Шенѓун заврши со 14 поени, девет скока и осум асистенции. Леброн Џејмс ги предводеше Лејкерс со 25 поени, Ривс на враќањето постигна 22, но без Лука Дончиќ до крајот на серијата, многу ќе му биде тешко на тимот од Лос Анџелес.

Резултати

Детроит – Орландо 116-109 (2-3)
Кливленд – Торонто 125-120 (3-2)
ЛА Лејкерс – Хјустон 93-99 (3-2)

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ