петок, 14 ноември 2025

Ла Лига се предомисли, Виљареал и Барса нема да играат во Мајами

Виљареал и Барселона сепак нема да играат во Мајами на 20 декември, големиот притисок од шпанската јавност вроди со плод, мечот е откажан.

Објавено на

часот

Сподели

Идејата мечот меѓу Виљареал и Барселона да се игра во Мајами донесе голем револт кај навивачите, но и кај другите фудбалски клубови, а некои од нив тоа го изразуваа со протести пред мечевите.

Незадоволството беше преголемо, па Ла Лига одлучи да ја откаже организацијата на мечот. Виљареал ќе биде домаќин на Барселона на својот стадион.

Се очекува да се види дали ваквиот пример ќе биде следен и во Италија каде мечот меѓу Комо и Милан треба да се игра во Перт, Австралија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ