вторник, 12 мај 2026

Крај за Лејкерс, Оклахома без пораз до финале на Западот (ВИДЕО)

Оклахома Сити се пласираше во финалето на Западната конференција откако гo победи Лос Анџелес Лејкерс со 115-110 во четвртиот натпревар од серијата. Актуелниот шампион така дојде до четвртиот триумф и без да му даде шанса на противникот, обезбеди пласман во следната фаза од плејофот.

Објавено на

часот

Сподели

Најважен играч за победата на гостите беше Шеј Гилџус Александар, кој постигна 35 поени. Клучниот момент на натпреварот се случи на 32,8 секунди до крајот, кога Холмгрен заби за преземање на водството на својот тим. Аџаи Мичел исто така значително придонесе за прославата, постигнувајќи 28 поени, од кои десет дојдоа во неизвесниот финиш на четвртата четвртина.

Со овој триумф, Оклахома го задржа својот совршен резултат во плејофот досега (8-0) бидејќи пред Лејкерс со 4-0 го совлада и Феникс.

Леброн Џејмс имаше 24 поени и 14 скока за Лејкерс. Сепак, Џејмс промаши леј-ап на 20 секунди до крајот што можеше да му донесе водство на тимот од Лос Анџелес. Слично беше со Остин Ривс кој постигна 27 поени, но на осум секунди пред крајот на последниот свиреж промаши тројка што можеше да го израмни резултатот.

Да беше Лука Дончиќ во тимот, можеби Лејкерс ќе имаа поголеми шанси за пласман во конференциското финале, но без него, тимот од Лос Анџелес едноставно не беше конкурентен за можеби најдобриот тим во лигата. Тандер ги победи Лејкерс осум пати оваа сезона, а не им влијаеше ни тоа што првпат во овогодишниот плејоф влегоа во последната четвртина со негатива.

Во вториот натпревар од ноќешната програма, Кливленд го победи Детроит со 112-103 и израмни на 2-2 во серијата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ