петок, 7 ноември 2025

Кејн има статистика на која може да му подзавидат Меси и Роналдо (ФОТО)

Англискиот напаѓач игра во луда форма, синоќа повторно беше стрелец откако погоди во победата на Баерн Минхен над Клуб Бриж од 4-0, неговите бројки се неверојатни.

Објавено на

часот

Сподели

Хари Кејн оваа сезона постигна 20 голови во 12 натпревари за Баерн Минхен во сите натпреварувања. Тоа не успеале да го направат ниту Лео Меси и Кристијано Роналдо.

Според компанијата за статистика „Опта“, на Меси за 20 голови му требале 17 натпревари, тоа му се случило трипати во кариерата. Додека Најдобриот учинок на Роналдо е 20 голови за 13 натпревари, тоа се случило во сезоната 2014/15.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ