вторник, 18 ноември 2025

И фудбалерите на Барса се вклучија во протестот против одлуката меч од Ла Лига да се игра во САД

Иако токму Барселона е клубот кој заедно со Виљареал треба да играат во Мајами, фудбалерите на каталонскиот клуб вчера се вклучија во протестот против оваа одлука.

Објавено на

часот

Сподели

Ла Лига дозволи мечот меѓу Виљареал и Барселона во декември наместо во Шпанија да се игра во Мајами, САД со цел поголем профит.

На навивачите и на играчите не им се допаѓа идејата меч од домашното првенство да се игра во странство, тоа е поткопување на интегритетот на лигата, но се доведува во прашање и регуларноста на првенството.

Синоќа на мечот меѓу Барселона и Жирона, фудбалерите на двете екипи протестираа со тоа што не играа во првите 15 секунди од мечот туку само стоеа на теренот.

Ла Лига реши да не ги пренесува тие 15 минути, туку се вклучи откако фудбалерите почнаа да играат.

Истото се случи и на мечот меѓу Овиедо и Еспањол кој се одигра во петокот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ