сабота, 2 мај 2026

Вест Хем го победи Ливерпул и излезе пред него на табелата (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Дека Ливерпул го очекува лош ден беше најавено уште во четвртата минута кога несреќниот Алисон сам си внесе една топка за водство на Вест Хем од 1-0.
 
На пет минути пред крајот на првиот дел Ливерпул израмни со прекрасен гол од слободен удар на Александер Арнолд.
 
Во 67. минута Форналс го врати водството на Вест Хем, а седум минути подоцна погоди и Курт Зума за 3-1.
 
До крајот на мечот Ливерпул преку Ориги успеа само да го ублажи поразот на 3-2.
 
По 11 одиграни кола Вест Хем е на третото место со 23 бода колку што има и вториот Манчестер Сити, Ливерпул е четврт со 22 бода, лидер е Челси со 26.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ