недела, 3 мај 2026

Тухел не го сакал Саул, Челси го ангажирал Шпанецот за да направи услуга?!

Објавено на

часот

Сподели

Во последните денови од летниот преоден рок, Саул Нигез се пресели во Челси, „сините“ платија околу 4 милиони евра за да го позајмат Шпанецот до крајот на сезоната, а добија и опција во целост да го купат за додатни 35 милиони евра.

Фудбалерот од средниот ред дебитираше против Астон Вила, одигра 45 минути и беше повлечен на полувремето. По крајот на натпреварот, Томас Тухел изјави дека играчот се мачел на теренот и направил многу грешки.

Од тогаш па наваму, Саул Нигез одигра само уште две минути во Премиерлигата, влезе како доцна замена против Њукасл.

Според медиумите од Шпанија, Томас Тухал не го сакал Саул Нигез, сметал дека има доволно квалитетни играчи во средниот ред. Но Челси и покрај тоа решиле да го ангажираат играчот со цел да му направат услуга на агентот Џонатан Барнет.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ