вторник, 26 мај 2026

Трипиер е првото големо засилување на „новиот“ Њукасл

Објавено на

часот

Сподели

Њукасл го комплетираше првиот трансфер откако клубот го преземаа новите сопственици. Десниот бек, Киран Трипиер е ново засилување.

Њукасл за овој трансфер на Атлетико Мадрид ќе му плати 12 милиони фунти, плус додатна сума во бонуси.

Трипиер стави потпис на две и пол годишен договор со можност за продолжување за уште една година.

„Пресреќен сум што потпишав за Њукасл. Сите знаат дека фановите се неверојатно пасионирани и ќе дадам се за нив. Не можам да дочекам да почнам со работа“, изјави Трипиер.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ