Тричковски постигна голови на сите седум натпревари од новата сезона досега, вкупно осум погодоци од тие дуели и е лидер на листата на стрелци во кипарското првенство.
Во следното коло АЕК игра против последнопласираната Ахна, ако Тричковски даде гол и на овој меч ќе се израмани на вечната листа со Паикао, Васконсело и Рауфман кои дале голови на осум натпревари по ред. На Македонецот уште малку му фали да испише историја во Кипар.
[video:https://www.youtube.com/watch?v=nHiJfsx7lSM&feature=emb_title autoplay:0]






