петок, 24 април 2026

Струга ТЛ со убедлив пораз го заврши деби настапот во Европа

Објавено на

часот

Сподели

Струга ТЛ со 1-1 се врати од Летонија, резултат кој беше поволен, но денеска момците на Захариевски потфрлија.
 
Фудбалерите на Струга играа внимателно во првото полувреме, Лиепаја доминираше на теренот, а тоа резултираше со нивно водство во 45. минута со гол на Укпа.
 
Струга тргна кон израмнување, но гостите имаа фуриозен старт на првото полувреме, Додо погоди во 47 и 49 минута за убедлива предност од 3-0.
 
И покрај високата негатива, Струга ТЛ не се откажа, во 57. минута Скендери даде гол за 3-1.
 
Но, само пет минути подоцна Биарозкин постигна четврти гол за Лиепаја за конечни 1-4.
 
Струга до последниот судиски свиреж се бореше да постигне нов гол, но не успеа.
 
Ова беше крај на деби сезоната во Европа за Струга Трим Лум. 
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ