Симон Трпчевски денеска имаше концерт во Букурешт, каде што македонската репрезентација игра два од трите меча на ЕП.
Тој е голем фан на македонската репрезентација, беше присутен на мечот против Австрија, а сигурно ќе го гледа во живо и дуелот со Украина.
Во меѓувреме, на вечерашниот концерт пред романската публика свиреше во дрес од македонската репрезентација.






