По две кола Шведска има четири бода и само чудо може да ги спречи да изборат пласман во осминафиналето, иако теоретски уште не се таму, веќе може да почнат да го слават.
Денеска само еден гол го реши тврдиот меч меѓу Шведска и Словачка и тоа беше постигнат од пенал.
Во 77. минута голманот Дубравка направи фаул, судијата покажа на белата точка од која Форсберг погоди за победа од 1-0.
Групата Е вечерва се комплетира со натпреварот меѓу Шпанија и Полска.






