петок, 24 април 2026

Шкупи го елиминираше Лапи во Конференциската лига, следната пречка е од Португалија

Објавено на

часот

Сподели

Шкупи во Косово отпатува со предност од 2-0 изборена по првиот натпревар одигран во Скопје, нашиот тим успеа да ја задржи позитивата и да го помине првото квалификациско коло во Конференциската лига.
 
Косовскиот тим се обиде со офанзивна игра да ја анулира негативата, Лапи го диктираше темпото на мечот, но момците на Седлоски се справуваа со домаќинот. Наумовски беше одличен на голот.
 
Шкупи преку Адем во 78. минута дојде во водство, но во самиот финиш Фазлиу изедначи на 1-1, со тој резултат и заврши натпреварот.
 
Во следното квалификациско коло од Конференциската лига, Шкупи ќе игра против Санта Клара од Португалија, додека вториот наш претставник кој е уште во Европа, Шкендија, ќе се сретне со тимот на Рига.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ