недела, 3 мај 2026

Роналдо го чуваат двајца близнаци од елитна специјална единица (ФОТО)

Објавено на

часот

Сподели

Фудбалерите, особено они познатите често се мета на крадци, вообичаена практика е нивните домови да бидат ограбувани кога се на должност во друг град. Камери, алармни системи или тренирани кучиња од неколку десетици илјади евра се вообичаена заштита.

Кристијано Роналдо оди и чекор понатаму, ЦР7 ангажирал двајца близнаци од елитна специјална единица.

Се работи за Сержо и Жорж Рамаљеиро (имаат и трет брат) кои биле дел од специјална единца во португалската војска и се бореле во Авганистан за потоа да станат дел од ПСП, елитна специјална единица задолжена за заштита на обвинители, судии и политичари во Португалија.

Двајцата побарале неплатено отсуство од единицата кога Кристијано Роналдо побарал да се погрижат за неговата безбедност и безбедноста на неговото семејство, и паднаа во окото на јавноста во септември кога Кристијано Роналдо се подготвуваше да патува во Швајцарија за меч во Лигата на шампиони.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ