недела, 3 мај 2026

Рајо Ваљекано и Димитриевски доминираат на домашен терен (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Столе Димитриевски имаше уште еден одличен натпевар за Рајо Ваљекано, прими еден гол, во финишот од мечот кога победникот веќе беше решен.
 
Рајо поведе со гол на Гвардиола уште во 16. минута, Гарсија погоди четири минути подоцна за 2-0.
 
Во 63. минута Трехо зголеми на 3-0, а почесен гол за Мајорка постигна Пратс во 89. минута.
 
Од седум домашни натпревари оваа сезона, Рајо Ваљекано има победено на шест и има едно реми. Тие се најдобар тим на свој терен досега.
 
На вкупната табела се на шесттото место.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ