недела, 3 мај 2026

Првпат по 32 години Аталанта го победи Јувентус во Торино (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Јувентус го доживеа петтиот пораз оваа сезона во Серија А, Аталанта му зададе уште еден удар на тимот на Алегри кој игра лоша сезона.
 
Аталанта претходно последен пат го имаше победено Јувентус на негов терен во 1989 година, денеска конечно по 32 години го направија тоа пак.
 
Единствениот гол на мечот беше дело на Запата во 28. минута од натпреварот.
 
Во судиското продолжение Дибала ја погоди пречката од голот на Аталанта, малку фалеше да го спаси Јуве од пораз, но тоа не се случи.
 
Овој пораз за Јувентус е враќање чекор назад во борбата за местата кои водат во Лигата на шампионите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ