Манчестер Сити се врати на втората позиција на табелата и на -3 во однос на Челси откако попладнево пред своите фанови славеше со 3-0 против Евертон.
Избраниците на Пеп Гвардиола доминираа на теренот, „карамелите“ добро се бранеа до финишот на првото полувреме кога Кансело мајсторски му аситираше на Стерлинг за 1-0.
На стартот од вториот дел Родри начека една топка на 25 метри и испука „проектил“ под пречката за 2-0.
Во финишот од мечот, Бернардо Силва ги постави конечните 3-0, една одбиена топка стигна до Португалецот кој рутински го матираше Пикфорд.






