сабота, 2 мај 2026

Проблемите со срцето се посериозни, Агуеро е принуден да стави крај на кариерата?!

Објавено на

часот

Сподели

Кун Агуеро на дуелот против Алавеш се пожали на болки во градите и потешкотии во дишењето па веднаш беше пренесен во болница. Тестовите покажаа дека се работи за аритмија а Барселона соопшти дека напаѓачот ќе биде надвор од стројот најмалку три месеци.

Сепак, Радио Каталуња сега пренесе дека новите тестови покажале дека проблемот е посериозен од она што се веруваше во прв момент и докторите веќе го известиле Аргентинецот дека можеби ќе биде принуден да стави крај на кариерата.

Во моментов ништо не е дефинитивно, Кун Агуеро ќе продолжи да добива терапија, докторите внимателно ќе ја следат неговата ситуација и ќе се прават нови тестови кои ќе дадат појасна слика.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ