недела, 3 мај 2026

Проблеми за Наполи, Осимен ќе паузира дури три месеци

Објавено на

часот

Сподели

Проблеми за Наполи на нашиот Елиф Елмас, лидерот во Серија А подолго време нема да може да смета на услугите на напаѓачот Виктор Осимен.

Нигериецот заработи неколку фрактури на лицето по еден воздушен дуел со Мартин Шкрињар на дербито против Интер и денеска бил опериран.

Лучано Спалети се надеваше дека Виктор Осимен ќе паузира три до четири недели и ќе биде подготвен за дуелот против Милан на 19. декември. Сепак, попладнево Наполи соопшти дека голгетерот ќе паузира дури 90 дена.

Со ваква прогноза, Виктор Осимен ќе го пропушти и Купот на африкански нации. Останува да се види дали евентуално ќе може да се врати побрзо со маска на лицето, или пак Наполи речиси до крајот на февруари ќе мора да се снаоѓа без најскапото засилување во својата историја.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ