Елмас и Наполи паднаа на трето место откако вечерва загубија дома во дуелот со Аталанта.
Гостите одлично го отворија мечот и поведоа во 7. минута со голот на Малиновски.
Избраниците на Спалети тешко креираа шанси, но во 40. минута им се укажа прилика за изедначување и Зелински погоди за 1-1.
Само што почна второто полувреме, Наполи направи пресврти и поведе со 2-1. Мартенс тргна во контра и го совлада Мусо со прецизен удар на поблиската статива.
Но Аталанта не се предаде, преку Демирал во 66. минута изедначи на 2-2, а пет минути подоцна, Фројлер реализираше за 2-3 и нов пресврт на мечот.
По денешните натпревари, Милан е лидер на табелата со еден бод повеќе од Интер, два од Наполи и четири од Аталанта, според она што досега го прикажаа овие четири клуба, помеѓу нив ќе се бара новиот шампион.






