сабота, 2 мај 2026

Познати се четири од шесте можни противници на Македонија во полуфиналето од баражот

Објавено на

часот

Сподели

Меѓу четирите селекции кои веќе обезбедија место во групата на носители се двата последни Европски шампиони, Италија и Португалија. Покрај нив за противник би можеле да добиеме и некои од Шкотска и Русија.
 
За останатите две ќе треба да почекаме да завршат и утрешните (вторник)квалификациски натпревари.
 
Засега во групата на носители се Шведска и Полска, но тие можат да паднат од тие позиции во зависност од резултатите на Велс и Турција.
 
Шведска може да падне од групата на носители само ако Турција ја победи Црна Гора со шест или повеќе голови разлика, нешто што реално не е за верување, но теоретски е возможно.
 
Велс ако не загуби од веќе квалификуваната Белгија ќе влезе наместо Полска во групата на носители, а ако загубат веројатно Чешка ќе ги престигне на втората позиција во нивната Е група.
 
Останува да почекаме до утре (вторник), за да ја дознаеме конечната листа на можни противници на Македонија, а кој од нив ќе ни се падне ќе биде познато на 26 ноември за кога е закажана ждрепката.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ