недела, 3 мај 2026

Покетино во Манчестер јунајтед, Зидан во ПСЖ?

Објавено на

часот

Сподели

Некои медиуми пишуваат дека Манчестер јунајтед и Покетино веќе почнале преговори. Аргентинецот изразил желба да замине од ПСЖ и да се врати во Англија.

Веројатно и францускиот клуб нема многу да се противи на заминување на Покетино ако во меѓувреме успее да го договори Зинедин Зидан за нов тренер.

Зидан сака да се врати на тренерската работа, но не сака да работи во Англија, па ПСЖ изгледа како идеален клуб за него.

Голема е веројатноста Покетино да замине во Манчестер јунајтед, а Зинедин Зидан да стане нов тренер на ПСЖ.

Последниот збор ќе го имаат од францускиот клуб, тие имаат договоро со Покетино кој трае до крајот на оваа година и дотогаш само тие ќе можат да кажат дали Аргентинецот ќе може да замине порано.

Во меѓувреме Мајкл Керик ќе го води Манчестер јунајтед, а неговиот прв предизвик е вечерва во Лигата на шампионите на гостински терен кај Виљареал.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ