недела, 3 мај 2026

Подзаборавениот Фернандињо постигна гол по три години, Сити го победи Вест Хем (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

„Граѓаните“ продолжуваат да редат победи, вечерва избраниците на Пеп Гвардиола славеа против Вест Хем.

„Чеканите“ пружија силен отпор, но не можеа да го сопрат актуелниот шампион. Резултатот го отвори Гундоган, една топка случајно дојде до Германецот, кој од пет метри рутински реализираше за 1-0 во 33. минута.

Победата ја потврди подзаборавениот Фернандињо, Бразилецот влезе во финишот од мечот и прецизно биеше за 2-0. За него ова беше прв гол во Премиерлигата по октомври 2018 година.

Во последните мигови од мечот Ланцини само постигна почесен гол за Вест Хем и ги постави конените 2-1.

На останатите натпревари од 15 часот во Премиерлигата, Брентфорд со 1-0 го совлда Евертон, Лестер со 4-2 триумфираше против Вотфорд. Снегот го одложи дуелот помеѓу Барнли и Тотнем.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ