недела, 3 мај 2026

По 15 години поминати како селектор на Уругвај, Оскар Табарез доби отказ

Објавено на

часот

Сподели

Селекцијата на Уругвај бележи слаби резултати во актуелните квалификации и ризикува да не се пласира на Светското првенство во Катар.

Фудбалската федерација на Уругвај реши да се обиде со нов селектор да го фати последниот воз, да ги сврти работите и да се пласира на Мундијалот.

74-годишниот Оскар Табарез кој стана селектор на Уругвај во 2006 година и до денес ја извршуваше оваа функција, доби отказ.

Ова за Оскар Табарез беше втор мандат на селекторската позиција, бидејќи првиот пат го водеше Уругвај од 1988 до 1990 година. Во својата тренерска кариера го водеше славниот Пењарол, Бока Јуниорс, во Италија беше на кормилото на Калјари и кратко во Милан (1996/97), а работеше и во Шпанија во тимот на Овиедо. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ