Новинската агенција „Асошиејтед прес“ открива дека во УЕФА се размислува за зголемување на бројот на учесници на Европските првенства.
„По последните две успешно организирани Европски првенства со 24 учесници, УЕФА ја разгледува можноста турнирот да го зголеми на 32 учесници. Евентуалната промена би се случила од ЕП 2028 година, а конечната одлука ќе се донесе до крајот на 2023“, пишува АП.
Тоа би значело дека Македонија ќе има уште полесен пат до Европското првенство.






