Иако фудбалерите добиваат страшно големи плати во најголемите европски клубови, имаат примања кои не може ни да се споредуваат со платите кои ги земаат луѓето од другите професии, Оскар се плашел да не остане сиромашен на старост и затоа заминал за Кина.
„Доаѓам од сиромашно семејство. Тоа што заминав во Кина ми дава чувство на победник. Кина има финансиска моќ и фудбалерите не можат да одбијат такви понуди. Не ме интересираат критиките, јас размислувам за моето семејство и иднината. Не сакам да бидам сиромашен кога ќе остарам и да живеам во спомени“, вели Оскар.






