сабота, 2 мај 2026

Официјални состави: Македонија со една измена во тимот атакува на победа против Исланд (ФОТО)

Објавено на

часот

Сподели

За нешто помалку од еден час, Македонија ќе излезе на мегдан со Исланд, победа за „црвено-жолтите“ значи продолжување на мундијалскиот сон и бараж за настап на СП 2022.

Благоја Милевски трите бода ќе ги брка со 4-4-2 формација и една измена во составот, Стефан Ристовски се враќа на местото на Стефан Ашковски.

На голот е Димитриевски, во одбраната се Стефан Ристовски, Муслиу, Велковски и Алиоски. Во срцето на средниот ред се Барди и Костадиновски, Елмас и Чурлинов се поставени по крилните позиции а во нападот се Трајковски и Милан Ристовски.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ