петок, 1 мај 2026

Њукасл му врачи отказ на Стив Брус

Објавено на

часот

Сподели

На Стив Брус му се закануваше ионака отказ поради лошите резултати, но се знаеше дека новите сопственици ќе ја забрзаат таа процедура.
 
13 дена откако дојдоа тие, тој добива отказ. Мечот против Тотнем му беше 1.000 во кариерата. Тој најави и дека тоа изгледа ќе биде последен меч во неговата кариера.
 
„Њукал може да потврди дека Стив Брус ја напушти позицијата тренер со заемна согласност“, стои во соопштението на клубот.
 
Според англиските медиуми, Њукасл на Стив Брус ќе му исплати обесштетување од 8 милиони фунти.
 
За привремен тренер е назначен Грем Џонс. Клубот најави дека е во процедура потрага по нов тренер и тој наскоро би требало да биде соопштен.
 
„Скај Спортс“ тврди дека нов тренер на Њукал ќе биде Паоло Фонсека.
 
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ