петок, 1 мај 2026

„Заработил“ 88.000 евра за лажно ветување лекување во странство

Полициски службеници вчера на граничниот премин Табановце го лишиле од слобода Б.К. (44) од Прилеп, осомничен за сторено кривично дело „измама“.

Објавено на

часот

Сподели

Како што соопшти денеска МВР, по претходно добиени информации за сторено кривично дело „измама“, Одделот за криминалистичка полиција, во содејство со СВР Струмица – ОВР Валандово, презеде координирани мерки и активности за расчистување на случајот.

Според досегашните сознанија, во периодот од јули до ноември 2025 година, осомничениот, со намера да прибави противправна имотна корист, довел во заблуда лице од Валандово, прикажувајќи лажни факти дека ќе помогне во организирање лекување во странство за неговата сопруга.

Оштетениот во повеќе наврати уплатил вкупно околу 88.300 евра (5.549.200 денари), во меѓувреме, неговата сопруга починала.

Осомничениот е изведен пред судија на претходна постапка во Основниот суд Гевгелија, при што му е изречена мерка за претпазливост

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ