Манчестер јунајтед е во период кага има тежок распоред, а единствениот полесен противник на хартија му беше Ватфорд. Но, црвените ѓаволи не само што не победија, туку сериозно се посрамотија.
Капитенот Хари Мегваер одигра уште еден мизерен натпревар, доби два жолти картони во рок од седум минути игра, и од 69. минута го остави Манчестер јунајтед со играч помалку.
Ватфорд почна да доминира од самиот старт на мечот. Добија пенал, Сар шутираше Де Хеа одбрани, од одбиената топка Кико даде гол, но ВАР го повтори пеналот. Сар повторно не реализираше, Де Хеа одбрани уште еднаш и го сочува голот на Јунајтед, но не за долго.
Во 28. минута Кинг постигна гол за водство на Ватфорд од 1-0, а во 44. минута Сар конечно реализираше за 2-0 за домаќините.
Солшер конечно се реши да му даде нешто поголема минутажа на Ван де Бек, го стави во игра на почетокот од второто полувреме и тоа се покажа како добар потег.
Во 50. минута по асистенција од Кристијано Роналдо, Ван де Бек даде гол, намали на 2-1 и го врати Манчестер јунајтед во игра.
Кристијано Роналдо се обидуваше да даде гол, имаше шанси, имаше и поништен гол поради офсајд, но не успеа.
По црвениот картон на Мегваер, Ватфорд додаде гас и со два гола во судиското продолжение, на Педро и Денис ги постави конечните 4-1.






