вторник, 26 мај 2026

На Арсенал не му треба Обамејанг, без него играат многу подобро

Објавено на

часот

Сподели

Последните резултати на Арсенал покажуваат дека Обамејанг повеќе е товар на тимот отколку од корист. Топчиите се подобри кога напаѓачот не игра.

Откако Обамејанг е надвор од тимот, Арсенал оствари пет победи по ред и во тие мечеви даде вкупно 19 голови, тоа е просек од речиси четири по натпревар.

Артета буквално по секој натпревар е прашуван за Обамејанг, но одговорот секогаш е сличен.

„Пјер не беше селктиран. Одлучуваме од натпревар за натпревар. Одлуката беше таа“, изјави кратко Артета.

„Многу сум задоволен од начинот на кој игра тимот, од единството кое е во тимот и од големата поддршка која ја добиваме од фановите“.

Очигледно е дека Обамејанг не му недостасува на Арсенал, клубот би го продал уште во јануари, но прашање е дали ќе се најде купувач за него.

Тој добива огромна плата, играше лошо, веќе не ни игра, па нејасно е дали ќе се најде клуб кој ќе му понуди голем договор.

Додека Арсенал ја држи оваа форма, Артета сигурно нема да го врати Обамејанг во тимот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ