вторник, 26 мај 2026

Младата ѕвезда на Милан по натпреварот со Рома дома си отиде со воз (ФОТО)

Објавено на

часот

Сподели

Чипријан Татарушану е позитивен на ковид-19, третиот голман Алесандро Плицари е повреден, па за дербито со Рома, Стефано Пиоли како резерва го повика 17 годишниот Лапо Нава, кој прв пат се најде во сениорскиот сотав на Милан.

Младото момче не се најде на теренот, но ги освои симпатиите откако по крајот на натпреварот дома си отиде со воз, и неговата слика стана хит на социјалните мрежи.

Интересно, неговиот татко, Стефано Нава е поранешен фудбалер на Милан и има играно покрај Паоло Малдини, а синоќа нивните синови седеа на клупата. Даниел Малдини дури и доби шанса и ги одигра завршните минути.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ