Јасно е дека Солшер нема уште долго да се задржи на клупата на Манчестер јунајтед, притисокот за негово заминување се повеќе се зголемува.
Според „Тајмс“, Манчестер јунајтед сака да го ангажира Зинедин Зидан, но се уште не е јасно дали Французинот сака да го прифати предизвикот.
Јунајтед се надева дека за позитивен одговор на Зидан може да влијаат и Кристијано Роналдо и Рафаел Варан, фудбалерите со кои тој работеше во Реал Мадрид.
Откако го напушти Реал Мадрид, Зинедин Зидан се уште нема нов тренерски ангажман, дали Манчестер јунајтед ќе му биде следниот, останува да видиме.






