недела, 3 мај 2026

Манчестер јунајтед сака да се ослободи од пет фудбалери во јануари

Објавено на

часот

Сподели

Манчестер јунајтед има широк состав со квалитетни играчи и за дел од нив нема место во составот на Оле Гунар Солшер.
 
„Фудбал инсајдер“ тврди дека Манчестер јунајтед сака да ги продаде или позајми Пол Погба, Дин Хендерсон, Џеси Лингард, Фил Џонс и Ван де Бек.
 
Јунајтед не планира да го продолжи договорот со Погба, а на неговото заминување може да заработи само во јануари доколку воопшто пристигне понуда за Французинот. Во спротивно тој ќе замине бесплатно по крајот на сезоната.
 
Во случајот на голманот Дин Хендерсон, опција е позајмица. Тој не сака да биде во сенка на Де Хеа, а неговите квалитети се неспорни. Манчестер јунајтед би му дозволил да замине на позајмица.
 
За Лингард, Џонс и Ван де Бек, Манчестер јунајтед преферира продажба, но можно е и нивно заминување на позајмица.
 
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ