недела, 3 мај 2026

Манчестер јунајтед потврди, Ралф Рангник е нивниот нов тренер

Објавено на

часот

Сподели

Тоа што беше најавено од медиумите, сега е и официјално, Манчестер јунајтед го потврди Ралф Рангник за нов тренер.
 
„Манчестер јунајтед со задоволство може да соопшти дека го назначува Ралф Рангник за привремен тренер до крајот на сезоната“, стои во соопштението на клубот.
 
Манчестер јунајтед потврди и дека по крајот на сезоната, Рангник ќе остане во клубот во улога на консултант во наредните две години.
 
Рангник треба да ја добие работната дозвола и да може официјално да почне да го води клубот, но тоа е само последната формалност. А додека се случи тоа, Мајкл Керик ќе продолжи да го води тимот.
 
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ