недела, 3 мај 2026

Косово се жали за однесувањето на српските фудбалери

Објавено на

часот

Сподели

Косовската фудбалска федерација преку соопштение најави дека ќе се жали до УЕФА за однесувањето на српските фудбалери.
 
„ФФК ќе поднесе жалба до УЕФА во врска со постапките на српските фудбалери кои по мечот со Португалија носеа маици со иредентистички и националистички натписи“, се вели во соопштението.
 
Според косовските медиуми во пријавата ќе се потенцираат истакнувањето на националистичките симболи на маиците, песните кои се пееле и покажувањето три прста.
 
Проблематична за нив била песната „Весели се српски роде“, а за маиците имаат забелешка дека на нив се наоѓа територијата на Србија заедно со Косово во неа.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ