Денешните натпревари во Серија А започнаа со кикс на Рома, „волчицата“ со празни раце се враќа од гостувањето кај Венеција.
Домаќините добро го започнаа натпреварот и поведоа во 3. минута со голот на Калдара. Рома потоа силно притисна и во финишот од првиот дел го сврте резултатот во своја корист. Шомуродов погоди за 1-1 во 43. минута, а во судиското надополнување на првиот дел, Абрахам реализираше за 1-2.
„Вочлицата“ на стартот од вториот дел имаше шанси да ја зголеми предноста, а откако тоа не се случи, Араму од пенал донесе 2-2 во 65. минута.
Десет минути подоцна следеше нов шок, Окереке избегна една офсајд стапица и го матираше Руи Патрисио за 3-2 и огромна радост на Венеција.






