недела, 3 мај 2026

Конечно скршен малерот, Барса го совлада Виљареал за прва гостинска победа оваа сезона! (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Чави ја забележа втората победа во Ла Лига, и тоа многу важна, Барселона го скрши малерот и конечно се радува на гости.

Вечерва на „Серамика“ против незгодниот Виљареал, „каталонците“стигнаа до триумф од 1-3.

Де Јонг го отвори резултатот на стартот од второто полувреме, прв стигна до една одбиена топка и рутински ја затресе празната мрежа за 0-1.

Виљареал стигна до изедначување во 76. минута, Мингеза се двоумеше многу, Чуквуезе тргна одлучно и го матираше Тер Штеген за 1-1.

Барселона сепак успеа да се врати во водство во 88. минута, среќата ги посака гостите, двајца играчи на Виљареал погрешија и му овозможија на Депај да реализира за 1-2.

Во поселдните мигови од мечот, Кутињо изнуди пенал и сам ја реализираше најстрогата казна за конечни 1-3.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ