сабота, 2 мај 2026

Кога не оди, не оди: Барса за прв пат по 23 години испушти предност од три гола! (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Ново разочарување за Барса, „каталонците“ останаа без победа и покрај тоа што на пауза заминаа со високи 0-3.  Ансу Фати погоди за 0-1 по само пет минути игра, Бускетс зголеми на 0-2 за Депај во 34. минута да донесе 0-3.

Многумина тука помислија дека победникот е решен, но Селта Виго не се откажа. Домаќините намалија на 1-3 на стартот од вториот дел, Нолито најави неизвесен финиш во 74. минута, за Аспас во 96. минута да го шокира противникот и да изедначи на 3-3.

Па наместо нови три бода на контото, Барса постави негативен рекорд, и за прв пат по 1998 година, не успеа да победи на натпревар на кој имала предност од три гола.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ