Куртис Џонс ја пропушти победата од 2-0 над Атлетико во Лигата на шампионите како и поразот од 3-2 од Вест Хем во Премиерлигата, а ќе биде надвор од стројот уште неколку недели и на терените ќе се врати во декември откако несреќно се судрил на тренинг и заработил повреда на окото.
„Како тренер имам видено се и сешто во фудбалот, но ова беше навистина бизарно. Имаше многу среќа, сите добро знаеме дека кога се работи за повреда на очите, тоа не е играчка“ – вели Германецот.
„Се чувствува добро, едноставно во моментов не му се дозволени одредени работи, треба да почека докторите да му дадат зелено светло. Му се врати видот, но окото треба целосно да заздрави“.






