Кјелини имаше фантастично првенство, беше вистински капитен, вистински предводник на својата селекција до големиот трофеј.
„Победивме, мислам заслужено. Чувствувавме нешто магично во воздухот, тоа го зборувавме уште од стартот на мај и заслужено станавме шампион, Италија заслужи“, изјави Кјелини по мечот.
„Ова беше неверојатна сензација, благодадрам за сите кои беа дел од оваа група во овие три години и сакаме да го посветиме трофејот и на сите оние фудбалери кои од дома гледаа исто така“.
„Клучот беше секогаш да играме фудбал и да уживаме во тоа. Сакавме да го контролираме мечот, да имаме посед и покрај тоа што примивме удар во лицето во втората минута, доминиравме во остатокот од мечот и сакавме да победиме по секоја цена“.
„На пеналите го имавме Џиџионе! Го имавме Џиџи, а сега Џиџо! Убаво е што победивме на ваков начин. Сите сме пресреќни и не можеме да дочекаме утре да славиме со фановите“.






