петок, 24 април 2026
Обвинителството изврши увид

Ексградоначалникот на Аеродром, Коневски е инвеститор на зградата каде загина работник

Поранешниот градоначалник на Општина Аеродром, Ивица Коневски, е инвеститор на зградата во Кисела Вода каде што утринава загина еден градежен работник, а тројца без повредени откако беа затрупани со насип од земја.

Објавено на

часот

Сподели

Коневски е сопственик на компанијата „Нар Инвестмент“ од Скопје, а Илија Коневски е директор. Компанијата е основана во ноември 2025 година како друштво со ограничена одговорност со едноличен капитал и е регистрирана на улицата „Петар Попарсов“ во Центар.

Eден градежен работник загина, а тројца се тешко повредени откако биле затрупани од насип со земја на градилиште во општина Кисела Вода.

Двајца од работниците се со полесни телесни повреди и контузии, а еден е со скршеници на двете потколеници и една натколеница.

„Во врска со несреќата на градилиште во Кисела Вода, информираме дека во Ургентниот центар се транспортирани тројца повредени градежни работници. Двајца од работниците се со полесни телесни повреди и контузии, во тек се дијагностички процедури. Кај едниот од нив веднаш е санирана повреда на лактот, а третиот пациент е со скршеници на двете потколеници и една натколеница. Се следи здравствената состојба на повредените лица и продолжува нивниот медицински третман“, соопштија од Ургентниот центар.

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје изврши увид на лице место на локација во Кисела Вода, каде при одрон на градилиште еден работник го загуби животот, а тројца беа повредени.

Јавниот обвинител издаде наредба за обдукција на починатиот. Во насока на испитување на причините за несреќата и почитувањето на прописите за заштита при работа постапуваат и Државниот инспекторат за труд и општински градежен инспектор.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ