недела, 3 мај 2026

Керик почна со победа, нов гол на Роналдо, Манчестер јунајтед се пласира во осминафинале (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Мајкл Керик тргна со победа во својата тренерска авантура, Манчестер јунајтед се пласираше во осминафиналето.
 
Кристијано Роналдо и овојпат даде гол, постигна вкупно шест гола на петте досегашни меча во групната фаза од Лигата на шампионите, на секој натпревар постигнува гол во ова натпреварување оваа сезона.
 
Долго време резултатот беше 0-0, двете екипи имаа свои големи шанси, но резултатот беше отворен во 78. минута кога Роналдо искористи една грешка на домаќините и постигна убав гол со лоб за водство од 1-0.
 
Во 90. минута сите дилеми околу победникот ги реши Џејдон Санчо кој реализираше за победа од 2-0.
 
Манчестер јунајтед се пласираше во осминафиналето, а Виљареал во последното коло ќе води директна битка со Аталанта за вториот патник во нокаут фазата.
 
Баерн Минхен кој во минатото коло го завери пласманот понатаму, ја забележа петтата победа во петтиот натпревар од ЛШ оваа сезона. Овојпат со 2-1 победи на гостувањето кај Динамо Киев.
 
Левандовски со ножички во 14. минута го отвори мечот, Коман во 42. минута зголеми на 2-0 за Баварците. Почесниот гол за домаќините беше дело на Гармаш во 70. минута.
 
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ