Дани Алвеш се врати на Камп Ноу, десниот бек потпиша до крајот на сезоната. РАЦ 1 открива детали од соработката и пренесува дека во договорот на Бразилецот има изненадувачка откупна клаузула.
Слободата на 38 годишниот Дани Алвеш чини 100 милиони евра, сума која нема шанси некој да ја плати.
Спорт пак додава дека ова е симболичен потег, за да се демонстрира лојалноста на фудбалерот кон клубот.
РАЦ 1 исто така објави дека договорот на Дани Алвеш е на само шест месеци, без опција да биде продолжен. Сепак, двете страни се во добри односи и ќе нема проблеми за нова соработка доколку перформансите на десниот бек се позитивни.






