недела, 3 мај 2026

Интер го победи Наполи, нема непоразени во Серија А (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Милан синоќа во Фиренца, Наполи денеска во Милано го доживеаа првиот пораз оваа сезона во Серија А.
 
Интер дојде до голем триумф од 3-2 со кој уште поинтересна ја направи трката за Скудетото.
 
Натпреварот почна одлично за Наполи кој со гол на Зиелински во 17. минута дојде до водство од 1-0.
 
Но, предноста на гостите не траеше многу, најпрво Чалханоглу од пенал во 25. минута израмни на 1-1, а пред самиот крај на мечот Перишиќ постигна гол за комплетен пресврт и водство на Интер од 2-1.
 
По 15 минути игра во второто полувреме Лаутаро Мартинез зголеми на 3-1 за Интер.
 
Елиф Елмас во игра влезе во 75. минута од мечот, а само три минути подоцна Мертенс постигна фантастичен гол за 3-2 и го врати Наполи во живот.
 
До крајот на мечот Наполитанците имаа неколку фантастични шанси за гол, во една од тие и пречката беше сојузник на Хандановиќ, сепак Интер го сочува водството и се израдува на голема победа.
 
Наполи и Милан се на врвот со по 32 бода, Интер има четири бода зад нив.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ