петок, 1 мај 2026

Ѓорѓиев: Ова ми е најомразениот златен медал, не планирам да учествувам на ниту еден прием

Објавено на

часот

Сподели

Димитар Ѓорѓиев на Светското првенство во Италија по четврти пат стана шампион на светот. Но брзо потоа излезе со неочекуван став кој го искажа преку социјалнитет мрежи.
 
Ѓорѓиев потенцираше дека ова му е најомразениот златен медал, рече дека ги откажува сите приеми и интервјуа, на СП учествувал бидејќи го сака спортот, но не сака да биде дел од поделеноста во Македонија.
 
„Драги пријатели, другари и сите останати љубители на спортот. Пред сѐ од срце ви благодарам за целата поддршка и позитивна енергија што ја добив во изминатите неколку дена. За жал морам да ви соопштам дека за мене ова е најомразениот златен медал што сум го освоил до сега. Исто така сакам да ве известам дека не планирам да присуствувам на ниеден прием ни во Агенција за млади и спорт, ниту на организираниот или планот за организиран пречек во Општина Неготино, сите мои гостувања и планирани интервјуа ќе бидат откажани, а досегашните ќе ве замолам да не ги објавувате. Овој медал го освоив бидејќи сакам спорт и си ја сакам татковината. Поделбата која што е неизбежна во Македонија јас не ја сакам и не сакам да бидам дел од неа!“, објави Ѓорѓиев.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ