сабота, 2 мај 2026

Фудбалерите на Манчестер јунајтед изненадени, Солшер заминал на одмор во Норвешка

Објавено на

часот

Сподели

Оле Гунар Солшер е под огромен притисок откако Манчестер јунајтед загуби уште едно големо дерби и по поразот од 0-5 против Ливерпул, следеше и пораз од 0-2 против Манчестер јунајтед.

Синоќа беше објавено дека Норвежанецот полека ја губи соблекувалната и дел од фудбалерите му го свртеле грбот. Медиумите од Англија продолжуваат да пишуваат на оваа тема и пренесуваат дека играчите но и персоналот бил изненаден од последната одлука на тренерот.

Имено, Оле Гунар Солшер решил да даде една недела одмор и со своето семејство да се врати во Норвешка. Ова е вообичаена пракса кога има пауза за репрезентативни настапи, но играчите сметаат дека потегот е погрешен бидејќи Манчестер јунајтед во моментов е во голема криза (шест порази на последните 12 натпревари).

Тие очекувале дека по поразот од Манчестер Сити веднаш ќе се вратат на тренинг и ќе работат на подобрување и поправање на грешките.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ