сабота, 2 мај 2026

Франција немала играч како Мбапе од 1985 година, „триколорите“ со победа од 8-0 го чекираа билетот за СП (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Килијан Мбапе испишува нова историја во репрезентацијата на Франција, и стана првиот фудбалер кој по Доминик Рошето во 1985 година, забележал хет-трик на официјален натпревар.

На напаѓачот му требаа нешто повеќе од половина час игра за три пати да ја тресе мрежата на Казахстан и да донесе предност од 3-0 на полувремето.

Гол серијата со два погодока ја продолжи Бензема на стартот од вториот дел, потоа во листата на стрелци се запишаа Рабио и Гризман, за Мбапе во 87. минута да стави точка на натпреварот и конечни 8-0.

Со оваа победа, Франција го чекираше билетот за Светското првенство на едно коло пред крајот.

Место на мундијалот обезбеди и Белгија со триумф од 3-1 над Естонија. Велс направи голем исчекор кон бараж откако со 5-1 ја совлада Белорусија и сега на „змејовите“ ќе им треба еден бод во последното коло.

Холандија пропушти шанса да им се придружи на Франција и Белгија откако во финишот од мечот против Црна Гора испушти предност од два гола и одиграа само 2-2.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ