Далас на овој натпревар беше без Лука Дончиќ кој беше отсутен поради повреда, а тоа дополнително ја олесни работата на Феникс кој е во фантастична форма.
Победата беше обезбедена во последната четвртина која сонцата ја добија со 33-20, за на крајот да победат со конечни 112:104.
Букер и Бриџис со по 19 поени беа најефикасни во составот на Феникс, одличен беше и Крис Пол кој имаше 18 поени и 14 асистенции, најдобар кај Далас беше Порзингис со 23 поени и 12 скокови.
[video:https://www.youtube.com/watch?v=YzWOMNXHdoI autoplay:0]
Резултати:
Шарлот – Индијана 121:118
Детроит – Голден стејт 102:105
Бостон – ЛА Лејкерс 130:108
Бруклин – Орландо 115:113
Милвоки – Оклахома 96:89
Њу Орлеанс – ЛА Клиперс 94:81
Денвер – Чикаго 108:114
Феникс – Далас 112:104
Сакраменто – Торонто 89:108






