Чави дебитираше на клупата на Барселона со победа, вечерва „каталонците“ го добија локалното дерби против Еспањол со минимални 1-0.
Единствениот гол на мечот го постигна Мемфис Депај, Холанѓанецот на стартот од вториот дел погоди од пенал.
Еспањол не заслужи да загуби, во финишот од мечот гостите имаа неколку убави шанси. Димата осамен од пет метри со глава биеше крај голот, а Раул Де Томас ја погоди стативата.
Во последните секунди беше пропуштена уште една прилика откако Кутињо не расчити добро по еден корнер но Тер Штеген остана присебен.






